Бали 2025

Објавено на:

Островот Бали, источно од Јава е само еден од 17.508 острови кои го прават архипелагот Индонезија. Иако Индонезија е муслиманска земја, Бали е остров на кој доминантна религија е хиндуизам. За ова место се вели дека неговиот создател бил многу дарежлив, затоа што е еден од најубавите острови на светот.

Островот Бали, источно од Јава е само еден од 17.508 острови кои го прават архипелагот Индонезија. Иако Индонезија е муслиманска земја, Бали е остров на кој доминантна религија е хиндуизам. За ова место се вели дека неговиот создател бил многу дарежлив, затоа што е еден од најубавите острови на светот. Изобилува со разновидна и бујна вегетација, оризови полиња, богови од богатата хинду митологија. Како круна на се, се луѓето, топол, срдечен народ постојано со насмевка на лицето. Овој вистински мал рај на земјата станал главна мета на туристи од целиот свет во последните 30 години.  

Плажите се со мек песок, одлични за шетање, одличнни за активен одмор и богати со ладовини за одмор во текот на денот.

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

01 ДЕН  СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ДЕНПАСАР (БАЛИ)  Пристигнување на аеродромот 2 часа пред летот кој полетува за Истанбул во 20:35ч. и слетува во 00:15ч. Патувањето продолжува за Денпасар (Бали) во 01:55ч., со слетување во 19:10ч. следниот ден. Организиран трансфер до избраниот хотел. Вечера/Ноќевање.

2-12 ДЕН  БАЛИ  Престој во избраниот хотел на база на ноќевање со појадок/полупансион, со можности за факултативни излети,  обиколка на градот и релаксирање на плажа.

12 ДЕН ДЕНПАСАР (БАЛИ) – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ Појадок. После појадокот слободно време до трансферот од хотелот до аеродромот во Денпасар со пристигнување 2 часа пред летот кој полетува во 21:05ч. и слетува во Истанбул во 05:40+1ч. Патувањето продолжува за Скопје во  08:10ч., со слетување во 07:45ч.

 

БАЛИ 8 ноќевања со појадок / Престој во Dellux room
ХОТЕЛ – Нуса Дуа 30.01-08.02.25 31.01-09.02.25 01.02-10.02.25
COURTYARD BY MARRIOTT BALI NUSA DUA RESORT 5* 3.390€

8 BB

3.650€

8 BB

3.650€

8 BB

 

 

Цените на аранжманот се изразени вкупно за 2 возрасни лица во хотел на база на ноќевање со појадок

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авио превоз Скопје – Истанбул – Бали – Истанбул – Скопје
  • Аеродромски такси – подложни на промена
  • Рачен багаж до 8кг и чекиран багаж до 30кг по лице
  • Трансфери од/до аеродром – хотел
  • 8 ноќевања на база на ноќевање со појадок
  • Трошоци за организација на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Виза за Бали 150€ по лице (агенцијата посредува)
  • Факултативни излети и индивидуални трошоци на патниците
  • Патничко осигурување
  • Други услуги кои не се наведени во програмата

 

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

  • Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
  • Плаќањето може да биде на фактура.

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

– За програмата важат Општите Услови на патување на СКТМ.

– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

– Кај аранжманите кои вклучуваат авио превоз, по купувањето на картата не е возможна рефундација на истите и во тој случај важат условите на авио компанијата.

– Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.

– Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот или авионските карти.

 

 

Пред секое патување Ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на АППРОВЕД и СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.

Останати
Аранжмани