Политика за Приватност
Општи информации
Како ги собираме податоците
Ова се видовите информации или лични податоци (информации кои ве идентификуваат) кои може да ги собереме и обработиме:
• Вашите одговори на прашалници и анкети кои можеме да ги користиме за истражувачки цели.
• Информации за вашите посети на страницата и ресурсите на кои пристапувате.
• Информации кои ни ги давате при пријавување на проблем со веб-страницата.
Ние ги собираме овие информации само кога вие ќе одлучите да ни ги доставите. Вие не сте обврзани да ни доставувате какви било лични податоци, и тоа нема да влијае на можноста за користење на веб-страницата.
Дополнително, податоците може да се собираат пасивно, користејќи различни технологии и методи како IP адреси и колачиња („cookies“). Со овие методи не се собираат ниту чуваат лични податоци.
Употреба на податоци
Информациите што ги собираме за вас ги користиме на следниов начин:
• За да осигуриме дека содржината на страницата е прикажана на најефикасен начин за вас и за вашиот компјутер.
• За да го прилагодиме веб-сајтот на вашите потреби и да го подобриме неговото функционирање.
• За исполнување и управување со сите обврски што произлегуваат од договори меѓу вас и нас.
• За да ви овозможиме да учествувате во интерактивните функции на страницата и други услуги.
• За да ве контактираме и известиме за промени на страницата или услугите што ги нудиме (освен доколку не нагласите дека не сакате да примате такви известувања).
• За да анализираме како корисниците ја користат страницата и за внатрешни маркетинг и истражувачки цели.
Вашите податоци нема да ги препродаваме на трети лица, ниту ќе ги користиме за маркетинг на трети лица.
Размена на податоци
Ниту еден податок што го доставувате преку сајтот нема да го откриеме на трети лица, освен во следниве случаи:
• Како дел од нашата постапка за резервација и за обезбедување на нашите услуги, информациите може да бидат споделени со трети лица вклучени во обезбедување на тие услуги.
• Ако сме должни да ги откриеме вашите лични податоци со цел да ги исполниме своите законски обврски (на пример, поради судски налог или за целите на спречување на измама или криминални активности).
• За да ги исполнуваме условите за користење на веб-страницата или за исполнување на било кој друг договор важечки за нашите услуги.
• Можеме да ги пренесеме вашите лични податоци на трети лица, како дел од продажбата на дел или целата компанија или како дел од било какво реструктурирање или реорганизација, но ќе преземеме мерки за да се осигуриме дека вашите права на приватност остануваат заштитени.
• За заштита на правата, имотот или безбедноста на APPROVED DOOEL, корисниците на страницата, или било која трета страна. Ова вклучува размена на податоци со други компании и организации со цел заштита од измама.
Освен во горенаведените случаи, вашите лични податоци нема да бидат откриени без ваша дозвола.
Колачиња
„Колаче“ или „cookie“ е текстуална датотека создадена од веб-страницата и поставена на вашиот компјутер, која содржи информации за вашите активности на интернет. Информациите во „колачето“ не ги содржат личните податоци за идентификација што ги доставувате до нашата веб-страница.
„Колачињата“ на сајтот ги користиме за следење на движењето на корисниците низ веб-страницата, што ни овозможува да ги подобриме нашите услуги врз основа на податоците за користењето.
„Колачињата“ се користат и кога се логирате на некоја од нашите онлајн услуги за да ви дозволиме да останете најавени.
Можете да одлучите дали ќе прифатите или одбиете користење на „колачиња“ преку поставките на вашиот интернет-пребарувач.