Корзика

Објавено на:

Корзика, една од најпопуларните туристички дестинации во Франција, е позната како "Островот на убавината" (Île de Beauté) и е четвртиот по големина остров во Медитеранот. Островот има повеќе од 200 плажи и преку 1,000 км крајбрежје, што го прави совршено место за љубителите на сонце и плажа, нудејќи им уживање на нејзините бели песоци и тиркизно море, кое е идеално за пливање и релаксација.

Опис на Корзика:

Корзика, една од најпопуларните туристички дестинации во Франција, е позната како “Островот на убавината” (Île de Beauté) и е четвртиот по големина остров во Медитеранот. Островот има повеќе од 200 плажи и преку 1,000 км крајбрежје, што го прави совршено место за љубителите на сонце и плажа, нудејќи им уживање на нејзините бели песоци и тиркизно море, кое е идеално за пливање и релаксација.

Со својата уникатна комбинација на природна убавина, богата историја и културно наследство, Корзика е совршено место за авантура и истражување. Прекрасните височини и ридови, националните паркови и плажите погодни за едрење или сурфање се само дел од активностите за авантуристите кои бараат адреналин, спорт и забава на едно место.

Туристичките атракции се уникатни и интересни. Корзика е местото на раѓање на Наполеон Бонапарт, па така посетата на неговата куќа-музеј во Ажаксио, како и градовите изградени на карпи како Бонифачо и тврдината во Калви, ви овозможуваат да се вратите наназад во историјата, газејќи по нејзините живописни улици.

 

 

Детали за апартманот

Нашиот реновиран апартман со три спални соби и две тераси кои нудат спектакуларни погледи кон морето и планините, ќе ве одведе назад во времето додека уживате во удобен и релаксирачки престој. Идеално сместување за семејства кои бараат мирен и релаксирачки одмор во Корзика!

Се наоѓа во село Портичо кое пак е 15-20 км одалечено од главниот град Ажаксио.

 

Соби: Апартманот располага со 3 пространи спални соби, во кои може да се сместат шест особи. Двете спални соби се со брачни кревети, нови душеци и меки перници. Третата соба е наменета за деца, тинејџери со единечен кревет и бебешко креветче. Дневната соба е со голема софа, која може и да се користи за спиење. Во неа има ТВ, клима, маса за лап топ и мала масичка.

Кујната е во посебна просторија и е опремена со сите потребни апарати за домаќинство, како и кујнски прибор. Во неа има трпезариска маса.

Локација: Апартманот е само 5 минути оддалечен од центарот на Портичо и на пешачко растојание од маркети, аптека, пекарница, ресторани, спортски терени…

Најблискиот мини маркет се наоѓа веднаш спроти влезот на зградата, но препорачуваме пазарување во поголемите маркети како Carrefour на само 500 метри одалеченост.

Тераси: Две тераси со прекрасни погледи кон морето и планините, идеални за утринско кафе или вечерни моменти.

На едната тераса се наоѓа машина за перење алишта, како и сушара за истите.

 

Бањата со туш кабината е оделена од тоалетот.

 

Пред апартманот има слободен, бесплатен паркинг само за станарите на зградата.

Минимум престој е шест ноќевања.

 

Близина на плажа: Мирна и скриена плажа е на само 100 метри оддалеченост, совршена за релаксација и уживање во природните убавини.

Опколена со дрва во текот на целиот ден е во сенка на одредени делови и е совршена за ладење во топлите денови.

На 1 км се наоѓа плажата во Пиетросела, која е долга, песочна и пространа.

Останати
Аранжмани