Бали 2025

Островот Бали, источно од Јава е само еден од 17.508 острови кои го прават архипелагот Индонезија. Иако Индонезија е муслиманска земја, Бали е остров на кој доминантна религија е хиндуизам. За ова место се вели дека неговиот создател бил многу дарежлив, затоа што е еден од најубавите острови на светот.

Xmas Лондон

Обединетото Кралство е сигурно на bucket-листата на секој патник, а Лондон е најголемата урбана зона во Европа, дом на повеќе од 300 различни националности. 
Божиќ, како еден од најочекуваните периоди во годината, може да биде и еден од најстресните. Ослободете се од притисокот и дозволете ни оваа година ние да се погрижиме за вас со нашите празнични пакети. 

Лондон

 Истражете ја живописната култура на главниот град на Англија – од елитните кабаре барови до некои од најдобрите ресторани за кари во градот. Надвор од Лондонското око, Лондонската кула и Бакингемската палата, Лондон има долг список на скриени атракции кои сигурно ќе го разбудат интересот на секој патник.

Корзика

Корзика, една од најпопуларните туристички дестинации во Франција, е позната како “Островот на убавината” (Île de Beauté) и е четвртиот по големина остров во Медитеранот. Островот има повеќе од 200 плажи и преку 1,000 км крајбрежје, што го прави совршено место за љубителите на сонце и плажа, нудејќи им уживање на нејзините бели песоци и тиркизно море, кое е идеално за пливање и релаксација.